Да работиме неуморно секој ден за пријатна, пријателска позитивна средина за учење, воспитување и социјализација на децата. Да ги искорениме агресијата и малтретирањето и да им покажеме на сите дека немаат место во училиште!
Со овие активности ученичката заедница на училиштето „Видое Подгорец“ во с. Колешино, Струмичко, под менторство на психологот на училиштето Силвија Накова, се приклучи кон Денот на розовата маичка против врсничкото и училишното насилство, кој беше одбележан на 28 февруари во целиот свет.