Во рамките на проектот „Откривме музејски тајни: разбој и праисториското ткаење“, наменет за деца од 6 до 12 години, кој се реализираше во музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга, учениците од овој град неодамна се запознаа со еден од занаетите што ги користи човекот од минатото до денес. Преку изработка на тегови и пршлени од глина, според зачуваните отпечатоци од рогозина и ткаенина на керамичкиот материјал, беа направени и реконструкција на разбој и обид да се произведе текстил на него.

Проектот е дел од годишната програма на музејот, поддржана од Министерството за култура, а реализирана во соработка со фестивалот „ДримОн“ од Струга.
Ст. К.