Според вториот европски барометар за сиромаштија и несигурност, куповната моќ на Европејците се намалува со текот на годините

Ново истражување открива дека тешките финансиски ограничувања поттикнати од инфлацијата ги натерале Европејците да ги намалат дневните оброци и да се категоризираат себеси во групата лица со „несигурна“ финансиска состојба, истакнува Судеш Банија за „Јуроњуз“

Последици од кризата со трошоците за живот

Секој четврти Европеец моментално се бори со потешка финансиска состојба поради зголемената инфлација, покажа ново истражување. Според вториот европски барометар за сиромаштија и несигурност, куповната моќ на Европејците се намалува со текот на годините, поради што повеќето од нив прескокнуваат оброци и се принудени да прават посложени финансиски избори.
Од 10.000 анкетирани од „Ипсос“ за француска невладина организација, 29 отсто рекле дека нивната финансиска состојба е „несигурна“ и секој неочекуван трошок е товар за нивното салдо. Речиси секој втор Европеец смета дека ќе се најде во несигурна ситуација во следните неколку недели, подлегнувајќи на растот на цените и релативно стагнирачката плата. Стапката на ризик од сиромаштија во 2021 година за вкупното население на Европската Унија (ЕУ) изнесуваше 17 отсто, според „Евростат“. Само 15 отсто рекле дека се самоуверени и дека не чувствуваат потреба да внимаваат на секојдневните трошоци.

Лошата финансиска состојба како причина за тешки избори

Огромно мнозинство Европејци веќе мораа да прават компромиси во нивниот избор поради тешките финансиски услови, покажуваат резултатите од истражувањето. Неконтролираната инфлација во речиси секој сектор ги принуди овие тешки избори, кои вклучуваат прескокнување оброк. Речиси секој трет Европеец изјавил дека прескокнал оброк кога бил гладен, при што Грција и Молдавија имаат особено висок број. Други компромиси вклучуваат невклучување греалки, позајмување пари и нелекување здравствен проблем во услови на инфлација.
Истражувањето спроведено од фондацијата „Џозеф Роунтри“ во јуни покажа дека 5,7 милиони домаќинства со ниски приходи во Велика Британија немаат доволно пари за храна. Според истражувањето, зголемувањето на цените на храната имало различни, но сепак значителни ефекти врз навиките за храна, од само можност да се купи храна што е намалена до користење банки за храна управувани од големи здруженија за да се прехранат. Од анкетираните луѓе, 38 отсто се изјасниле дека повеќе не можат да имаат три оброци на ден на редовна основа, додека само 42 отсто рекле дека никогаш не ги прескокнале појадокот, ручекот и вечерата поради финансиски ограничувања. Тежината на состојбата се рефлектираше во голем број одговори на родители, при што некои рекоа дека морале да го ограничат сопственото јадење за да се грижат за своите деца. Дваесет и еден отсто од анкетираните родители изјавиле дека имале барем еден случај на „нејадење доволно“ за да го нахранат своето потомство.

Мнозинството граѓани се загрижени за инфлацијата

Иако високата инфлација, всушност, почна да стагнира, зголемените цени на храната и состојките почнаа да се намалуваат, па оттука и континуираната намалена куповна моќ на граѓаните. Бројките на инфлација во Европа се тројно зголемени во 2022 година, означувајќи ја највисоката стапка на раст на сите времиња, благодарение на високите потрошувачки цени за домување, вода, гас и други давачки, кои се зголемија за 18 отсто за една година. Не само што многу Европејци рекоа дека нивната финансиска состојба е исклучително тешка, туку и признаа дека едвај врзувале крај со крај кога станува збор за справување со инфлацијата. Над половина од испитаниците, во повеќето земји, рекоа дека се загрижени за справување со инфлацијата, стравувајќи од зголемување на храната, енергијата и разните трошоци. Според студијата, 62 отсто се грижат за зголемените цени на храната, додека неочекуваните трошоци и цените на бензинот загрижуваат 59 отсто од испитаното население.