Седум полицајци се повредени, а 416 лица од кои 283 во Париз се уапсени за време на синоќешните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) на улиците на Париз, откако победи нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал, објави „Тајмс оф Индиа“.
Припадници на полицијата биле нападнати во неколку делови од француската престолнина, каде што 80 демонстранти биле лишени од слобода.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата европски шампион, бидејќи синоќа во Будимпешта во финалето на Лигата на шампионите го победија Арсенал со резултат од 4:3, а во текот на 120 минути беше 1:1.

































