Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека, поради зголемениот обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со продолжено време.

– Од понеделник до петок, услугата ќе биде достапна од осум до 18 часот, а во сабота од осум до 12 часот. Со оваа мерка, МВР се стреми да одговори на сите барања на граѓаните, особено на родителите кои планираат патување на своите деца – информира МВР.

Оттаму ги советуваат граѓаните да ги планираат своите посети и да ги искористат овие дополнителни термини за побрзо и поефикасно издавање на одобренијата.