Во гробница од династијата Танг (618-907) ископана во Таијуан, главниот град на северната кинеска провинција Шанжи, пронајдени се добро зачувани мурали, кои прикажуваат сцени од секојдневниот живот, велат археолозите.
Еднокоморната гробница од тули, откопана во 2018 година за време на изградбата на патишта, му припаѓала на човек што починал на 63 години во 736 година. Археолошкиот институт за провинцијата Шанжи во вторникот даде детали за откритијата поврзани со гробницата.
Портите, коридорот, таванот, ѕидовите и постаментот на ковчегот беа сите насликани со мурали, а меѓу нив, портата на гробот, коридорот, како и портата од комората имаат парови фигури од двете страни за кои се претпоставува дека претставуваат чувари.
Меѓу овие живописни мурали, вниманието на археолозите особено го привлекле два на посебни ѕидови од комората на гробот. Едната прикажува различни работни сцени, вклучувајќи и маж што користи мелница за жито, жена што управува со камена мелница, маж што прави тесто и жена што крева вода со древна кинеска направа за кревање тешки предмети. На другиот мурал е прикажана жена во разнобојна наметка, маж од етничка група што не е Хан, кој држи коњски камшик и слики на коњи и камили.
Археолозите наведуваат дека наодите се од голема вредност за проучување на муралите на гробниците од династијата Танг.