Сѐ поголем број од граѓаните на Кина планираат и избираат да одат на патување за време на Пролетниот фестивал за да искусат различни култури, како и лунарната новогодишна атмосфера. На тој начин, аргументираат економистите, се манифестира и длабок патриотски стремеж што им дава импулс на домашното стопанство и генерално на економијата, а особено се стимулира терциерното стопанство каде што спаѓа и туризмот

 

Експертите се со тврдење дека осумдневниот одмор се очекува да резултира со своевиден „шпиц на сезоната за граѓанската потрошувачка“ и дека бурниот почеток на годината на змејот ќе го отвори патот за економски развој во текот на целата нова година.
Официјалните податоци покажуваат дека Кина има регистрирано над 3,5 милијарди патнички патувања во текот на првите 17 дена од годинашниот пролетен фестивал, кој започна на 26 јануари, а бројот се очекува да достигне девет милијарди за време на тековниот бран патувања, што веројатно ќе достигне нови рекордни бројки.
Традиционално, Кинезите имаат тенденција да останат дома со членовите на своето семејство за Пролетниот фестивал. Но многу семејства сега се одлучуваат да патуваат за време на одморот, привлечени од многубројни богати културни активности, како што се изложби на фенери, цветни пазари и саеми на храмови низ земјата или патување во странство.
„Флиги“, водечка онлајн платформа за патувања, покажува дека бројот на резервации за домашни патувања за време на Пролетниот фестивал е значително зголемен, а празничниот туризам го надмина оној од 2019 година. Во меѓувреме, бројот на резервации за патувања надвор порасна за повеќе од 15 пати во однос на истиот период минатата година, што е блиску до нивото од 2019 година.
Податоците од „Ситрип травел“, исто така, покажуваат дека многу живописни места низ земјата почнаа да прифаќаат роеви туристи на првиот ден од Пролетниот фестивал. На пример, нарачките за билети за живописни места во провинциите Хебеи, Хенан, Шандонг и Шанкси се зголемија повеќе од 15 пати. Во меѓувреме, резервациите на билети за Луојанг, антички град во централната кинеска провинција Хенан, се зголемија за 35 пати во однос на минатата година.
На тој начин самите граѓани, со своите патувања, престои на одредена дестинација и со сите други придружни активности не само што поминуваат извонредно квалитетно време дружејќи се и продлабочувајќи ги традиционалните семејни вредности и обичаи туку вложуваат и свои средства за развој на локалниот бизнис, туризмот и услугите, зајакнувајќи ја националната економија генерално.