Со тоа што лани беше забележана најлошата година во историјата на туризмот, сега на почетокот од 2021 година постои мал оптимизам во туристичката индустрија. Откако лани беа проценети загуби од 1,3 илјада милијарди долари во извозни приходи, патните рестрикции повторно беа воведени на почетокот од оваа година додека владите се обидуваат да го намалат ширењето на новите и можеби поопасни мутации на новиот коронавирус.
Додека краткото закрепнување забележано во летните месеци од 2020 година ги поттикнаа надежите за брза обнова на туристичкиот сектор, сепак тие целосно се урнаа со есенскиот и зимскиот бран на пандемијата. Според едно истражување на Светската туристичка организација при Обединетите нации (УНВТО), туристичките експерти сега многу повнимателно ги прават нивните процени, со тоа што мнозинството не очекуваат туризмот да се врати на старите патеки до 2023 година.