Наспроти брзиот напредок и свртувањето кон услужната економија, Кина останува голем земјоделски производител, особено кога станува збор за земјоделски култури и овошје. Во сезоната на жетва во 2020 и 2021 година, Министерството за земјоделство на САД предвидува дека 37 отсто од кикиритките и 29 отсто од оризот ќе бидат произведени во Кина, како и 23 отсто памук, 22 отсто пченка и 18 отсто пченица.
Ова ја прави Кина најголем производител на кикиритки, ориз и пченица во светот и втор најголем производител на пченка зад САД и на памук зад Индија.
Кина произведува и речиси три четвртини од грејпфрутот, крушите и мандарините во светот, а учествува со 69 отсто во глобалните испораки на праски и нектарини, 54 отсто на јаболка и 46 отсто на грозје.
Од друга страна, производството на соја во Кина сочинува само пет проценти од вкупното светско ниво бидејќи САД, Бразил и Аргентина се многу поголеми производители.
Земјата, исто така, е и втор најголем производител на маслодајна репка во светот со 19 отсто зад Канада. Дополнително, Кина учествува и со 47 отсто во светското производство на ореви.