Домување
Перењето алишта генерално е едноставен процес, но секогаш постои можност да направите грешка и да ја уништите облеката. Меѓутоа можете да ја уништите и машината за перење.
Експертите препорачуваат никогаш да не ги ставате чевлите во машина за перење, бидејќи тоа може да предизвика оштетување и на чевлите и на машината.
– Дејството на превртување може да го изгребе барабанот на машината за перење, а самите чевли може да ја изгубат својата форма или да предизвикаат нерамнотежа на машината, што потенцијално ќе доведе до силни вибрации за време на циклусот на центрифугирање – велат тие.
Наместо тоа, тие предложија да ги исчистите чевлите рачно со помош на мека четка и благ детергент.
Исто така, во машината за перење не се препорачува да се ставаат ранци или големи чанти со метални делови, бидејќи тоа може да го оштети барабанот.
Тежината на чантата може да предизвика и проблеми со рамнотежата, па затоа е подобро да ја исчистите торбата или внимателно да ја исперете на рака.
Ако размислувате да ставите кадифена играчка во машината за перење, проверете да не има некоја батерија или електрична компонента во неа бидејќи тоа може да ја оштети машината, а и самата играчка.