Домување

Корисничката на Тик ток, Шантел Мила, открива кои четири состојки ви се потребни за освежителен мирис во вашиот дом.
Прво, потребно е да се зовријат 500 милилитри вода. Потоа додадете исечкан лимон, четири гранчиња свеж рузмарин и една кафена лажичка екстракт од ванила. Почекајте неколку минути, па тргнете го тенџерето од шпоретот.
– Потоа, се разбира, можете да го ставите каде било во домот. Не заборавајте во него да дополнувате вода до крајот на денот. Овој мирис е идеална алтернатива на скапите мирисливи свеќи и стапчиња – истакнува Мила.
Таа додава дека и дестилираната вода исто така е одличен спреј за домот, како и дека со бел оцет и обична вода може да се направи квалитетно повеќенаменско средство за чистење. Споменатиот мирис може да трае три дена, додека средството за чистење неколку месеци.