Фото: Пиксабеј

Домување

Дали знаете дека можете сами да направите природно средство за чистење теписи? Многу е едноставно, а сѐ што ви треба веројатно веќе го имате дома.
Состојки: половина литар вода, лажиче течен сапун, три лажици бел оцет, шест лажици сок од лимон, една лажица сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло од портокал или од лимон (може и без тоа). Приготвување: сите состојки ставете ги во шише со распрскувач, добро протресете да се соедини сѐ и да се раствори содата. Нанесете на тепихот, тријте со четка и оставете течноста малку да испари или тепихот да се исуши, па добро исчистете со правосмукалка. Покрај тоа што ќе исчезнат дамките, тепихот ќе мириса прекрасно со денови по чистењето.
Постои уште еден многу едноставен начин. Посипете сода бикарбона на тепихот, втријте ја и оставете да отстои малку. На крајот поминете со правосмукалка. Овој метод е одличен за неутрализирање на непријатните мириси. Ако сакате да вложите малку повеќе напор, ставете шолја сода бикарбона во ќесичка и додајте 10-20 капки есенцијално масло. Оставете да отстои еден ден за мирисот да продре во содата. Потоа посипете го тепихот со таа смеса, а на крајот испрскајте сè со вода и добро исчистете со груба четка. Оставете го да отстои час или два, а потоа исчистете со правосмукалка.