Домување

Сезоната на скара започнува, па време е да ја извадите старата скара од својот подрум. Без разлика дали сте почетник или имате искуство, јасно е дека за овој потфат прво треба да ја исчистите. Нечистите скари не само што претставуваат опасност по здравјето туку го менуваат и вкусот на вашата храна и може да го забават времето на готвење. За да ги избегнете таквите ситуации, ви откриваме совети како да ја исчистите скарата пред да приготвите оброк. За почеток треба да одредите дали вашите решетки за скара се направени од порцелан, леано железо или не’рѓосувачки челик, бидејќи тоа ќе ви каже што ви треба.
Користете четка со меки влакна или најлонска четка за чистење на порцеланските решетки. Леаното железо е силно за да може да се справи со грубите жичени четки. Но тие лесно ’рѓосуваат, па се препорачува по чистењето да нанесете слој масло за јадење. Решетките од не’рѓосувачки челик не бараат посебен третман, важно е само добро да се исушат.
Што се однесува до алатките за чистење, многумина се одлучуваат за груби четки. Но тоа не е најдобриот начин, бидејќи остатоците од четката често завршуваат во храната. Се препорачува да земете алуминиумска фолија и да направите топка.
Меѓутоа, постои еден едноставен и природен начин да ги исчистите решетките на вашата скара, а тоа е кромидот. Изненадувачкиот метод всушност функционира така што киселинските ензими од кромидот ги разградуваат мастите, а ако користите јаглен, едноставно фрлете го кромидот во оган по употреба.
По печењето на скара, најдобриот и најлесниот начин за чистење на скарата е секако да користите пламен или да мешате јаглен за поефикасно отстранување на остатоците од храна и маснотии. По 15 минути, кога скарата ќе се олади, исчистете ги решетките со четка за скара или друга алатка.