Научниците знаат дека ѕвездата што умира станува џин што ги голта сите планети во одреден радиус, но никогаш досега немале шанса да го видат тоа.
Астрономите од „Калтек“, „Харвард“, „МИТ“ и други универзитети забележале ѕвезда што „голта“ една од планетите што орбитираат околу неа додека се претвора во црвен џин. Ѕвездата, оддалечена околу 12.000 светлосни години, во близината на соѕвездието Акила, станала 100 пати посветла во текот на повеќе од десет дена во „изливот“, за која истражувачите велат дека била жешка јовијанска планета што паднала во атмосферата на ѕвездата домаќин и на крајот во нејзиното јадро.
Група научници ја забележаа глетката во мај 2020 година, но им требаше време да утврдат што всушност се случило. Благодарение на инфрацрвениот телескоп NEOWISE, тимот ја отфрли можноста за спојување ѕвезди. Енергијата била само илјадити дел од она што би била во случај на судир на ѕвезди, а наместо жешка плазма, се појавил млаз од студена прашина.
Се верува дека овој феномен е вообичаен во вселената и дека другите планети, вклучувајќи ја и Земјата, ќе се соочат со истата пропаст кога Сонцето ќе „умре“ за околу пет милијарди години. Во овој поглед астрономите ги потврдија нивните постојни модели. Претходните студии ги набљудуваа ѕвездите непосредно пред и откако ќе ги „проголтаат“ планетите, но никогаш за време на самиот процес.
Сè уште има непознати за ѕвездите што „јадат“ планети, меѓутоа ова откритие помага да се комплетира сликата. Следниот бран на инфрацрвени опсерватории ќе ги зголеми шансите да се забележат слични настани. Тоа може да покаже како варираат низ вселената овие апокалиптични процеси.