Фото: Пиксабеј

Домување

Потопување на валканите алишта во вода наместо нивно перење во машина е еден од триковите што можете да ги најдете на Тикток. Овој процес вклучува потопување на валканите алишта во вода и во детергент за перење и нивно оставање да киснат подолго време за да се отстранат нечистотијата, дамките и акумулацијата на прашина. Многу тиктокери тврдат дека овој метод на чистење е многу поефикасен од редовното перење алишта во машината за перење. Дополнителен бонус е тоа што работите што вообичаено не влегуваат во машината за перење може да се перат на овој начин, како на пример, шапки или големи ќебиња за спиење, креветчиња за миленици…
Друг трик што го откриваат членовите на тикток-заедницата е длабоко чистење на дрвените садови и алатки за готвење. Освен редовното миење на овие садови, некогаш е потребно подлабоко чистење на овие површини, кои често задржуваат бактерии.
Дрвото е впивачки материјал, така што предметите што често ги користиме за готвење се полни и со масни наслаги. Еден тренд на Тикток ги охрабрува корисниците да ги потопуваат своите дрвени прибори во врела вода за да ја извлечат скриената нечистотија. Иако тие може да ни изгледаат чисти, ако ги ставите во топла вода некое време, веројатно ќе излезе дека тоа не е така.