„Сиан“ е првиот модел на производителот на спортски автомобили „Ламборгини“ со хибриден погон на електрична енергија и гас. Електричниот мотор што го поседува „сиан“ го прави најмоќниот автомобил на „Ламборгини“ досега. Само 63 единици ќе бидат направени од овој автомобил, и ќе бидат приспособени и стилизирани по вкусот на сопствениците, кои веќе го купиле автомобилот

„Ламборгини“ го најави „сиан“, кој, според оваа компанија, претставува најмоќниот автомобил досега. „Сиан“ исто така претставува првиот хибриден автомобил што го има произведено оваа компанија. „Сиан“ има комбиниран рејтинг на коњски сили од 819,34, кој го помага неговиот хибриден 48-волтен електричен мотор. Автомобилот го користи истиот 6,5-литарски В12 мотор што го поседува „ламборгини авентадор свј“, но новиот „сиан“ го надминува „авентадор“. Овој автомобил може да постигне 100 километри на час за помалку од 2,8 секунди и има максимална брзина од 350 километри на час, велат од „Ламборгини“ за „Бизнис инсајдер“.

Овој автомобил претставува првиот чекор на „Ламборгини“ кон хибридизација и електрификација на својот возен ред. Електричниот мотор многу им помага на возачите во ситуации кога е потребна помала брзина, како возењето во рикверц и паркирање. Електричниот мотор на автомобилот е дел од менувачот што е дизајниран да обезбеди побрз одговор и да ги подобри перформансите на автомобилот. Ова не е типично за нисконапонските хибриди. Од „Ламборгини“ велат дека првпат овој потег е направен досега. „Сиан“ е збор што на болоњски дијалект значи „блиц“ или „молња“, па со оглед на перформансите и брзините што може да ги постигне, името на автомобилот добро му прилега.

– Не само што „сиан“ приложува моќен дизајн на хиперавтомобили и добар инженерски подвиг, тој го зголемува потенцијалот на „Ламборгини“ да биде марка за следење на суперспортските автомобил во иднината, дури и со тоа што хибридизацијата станува попосакувана и неизбежно суштинска – изјави претседателот и извршен директор на „Аутомобили Ламборгини“ Стефано Доменикали.

Од „Ламборгини“ додаваат дека само 63 единици од автомобилот ќе бидат создадени во чест на годината кога е основан „Аутомобили Ламборгини“, 1963 година. Секој автомобил ќе биде индивидуално приспособен и стилизиран за неговите сопственици преку студиото и програмата за дизајн на автомобили, „Ламборгини центро стиле“ и „Ламборгини ад персонам“.

Автомобилскиот производител тврди дека овој автомобил има најмал сооднос помеѓу тежината и моќта на сите В12 мотори на „Ламборгини“. Еден автомобил „сиан“ чини 3,6 милиони долари, сите 63 модели што беа претходно спомнати веќе се продадени.

[email protected]