Медицински совет
Многу луѓе живеат со пониски од препорачаните нивоа на магнезиум без воопшто да го сфатат тоа. Според клиниката „Кливленд“ и Националниот институт за здравје, не е толку вообичаено да имате симптоми поврзани со несоодветни нивоа на магнезиум. Така, може да имаме недостиг од магнезиум без да знаеме.
– Недостатоците од магнезиум понекогаш е тешко да се дијагностицираат, делумно затоа што многу од почетните симптоми може да укажуваат на голем број други здравствени проблеми. Од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми – објаснува д-р Наоки Умеда.
Како што открива Умеда, некои од првите знаци на недостиг од магнезиум може да бидат замор, губење на апетитот, грчеви во мускулите, гадење и слабост.
Ако недостигот од магнезиум не се третира, работите може да се влошат, па сериозен недостиг од магнезиум може да резултира со: абнормален срцев ритам, вкочанетост и пецкање, промени на личноста, како и епилептични напади.
Важно е да разговарате со вашиот лекар ако забележите некој од овие знаци на недостиг од магнезиум. Тој можат да препорача тест на крвта или да ги провери нашите нивоа на калциум и калиум за да помогне во дијагностицирањето на проблемите.