Здрава храна
Водата е неопходна за вашето здравје, но луѓето многу често ја менуваат за други видови пијалaци, кои не се секогаш најздравата опција. Затоа, еден од моментално најпопуларните начини да ја направите водата поинтересен пијалaк е да додадете краставици. Не само што вашата вода ќе има подобар вкус на овој начин туку додавањето краставици може да има и некои други придобивки за вашето тело.
Ве одржува дополнително хидрирани: Докторката Кариса Галовеј вели дека тоа е одличен начин да останете хидрирани, но исто така ќе ви даде дополнителна енергија и ќе ги подобри варењето и кожата. Покрај тоа, ќе избегнете дехидрација, која вклучува низа симптоми како што се главоболки, сонливост и низок крвен притисок.
Содржи хранливи материи: Доколку сакате подобар ефект, можете да изедете краставица откако ќе испиете чаша вода, бидејќи на тој начин ќе внесете повеќе хранливи материи. Тие вклучуваат влакна, калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и витамин К.
Содржи антиоксиданси: Антиоксидантите го штитат вашето тело од слободните радикали, молекули што предизвикуваат оксидативен стрес на клетките, потенцијално предизвикувајќи воспаление или играјќи улога во ракот, срцевите заболувања и други болести. Затоа, ако го зголемиме количеството антиоксиданти во нашата секојдневна исхрана, телото ќе има способност да одложи или да спречи некои здравствени состојби. Антиоксидантите на краставицата вклучуваат: витамин Ц, бета каротен и манган.
– Краставиците имаат голем број антиоксиданти, вклучувајќи неколку флавоноиди, група растителни хемикалии што се наоѓаат во многу овошје и зеленчук – вели Галовеј.
Слабеење: Водата со краставица може да биде корисна за слабеење ако ја пиете наместо засладени пијалаци. Краставицата има само околу 14 калории на 100 грама. На пример, ако секој ден замените пијалак од 200 калории со вода од краставици без калории, ќе намалите 73.000 калории за една година.