Фото: ЕПА

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повторно го отвораат коридорот што ќе им овозможи на цивилите во Газа безбедно да поминуваат од северот на енклавата кон југ, каде борбите се поограничени.

„Северното подрачје на Појасот Газа е жестока борбена зона и истекува времето за евакуација таму. Преминот ќе биде отворен од 10 до 14 часот,“, рече портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на платформата „Икс“ (Твитер), повикувајќи ги жителите на Газа да им се „придружат на стотиците илјади“ кои се евакуирани преку коридорот, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Протокот на луѓе кои го користат дневниот коридор долж улицата Салах ал-Дин е забрзан во последните денови, според наводите на ОН, при што само вчера 15.000 луѓе се преселиле на југ. Многумина првично стравуваа дека Израел ќе ги нападне додека минуваат низ коридорот, се наведува во извештаите, пренесе израелскиот портал.