Медицински совет
По повеќегодишна препорака за редовно консумирање аспирин за спречување срцев и мозочен удар, научниците сега во тоа гледаат мала корист за повеќето здрави луѓе и велат дека претераното внесување на овој лек може да предизвика крвавење во желудникот или во мозокот, кој се зголемува како што старееме.
Работна група на американската превентивна служба ги финализира своите најнови препораки за режимот на ниски дози аспирин и сега нејзините членови тврдат дека луѓето постари од 60 години, во повеќето случаи, не треба да пијат по еден аспирин на ден како примарна превенција од срцеви проблеми.
Ако имате меѓу 40 и 59 години, стручњаците препорачуваат, со помош на својот лекар, да одлучите дали ќе земате по еден аспирин на ден во одредени околности.
– Луѓето треба да сфатат дека аспиринот не е сосема бенигна терапија. Но доколку сте преживеале срцев или мозочен удар или имате други проблеми со
срцето или со циркулацијата, а лекарот ви пропишал секојдневно пиење аспирин, немојте да престанете со терапијата – вели д-р Стивен Нисен, кардиолог во клиниката во Кливленд.
Утврдено е дека овој лек може да предизвика крвавење во желудникот дури и ако се пие во помали дози.