Истражувањата на неодамна во престижниот „Њу Ингланд џрнал оф медисин“ покажа дека модерниот тренд на повремено постење не е поефикасен од традиционалното броење калории. Истражувачите откриле дека повремениот пост или временски ограничената исхрана (понекогаш и до 18 часа), со цел да се изгуби телесна тежина, всушност, не доведува до поголемо губење на тежината кај дебелите луѓе отколку ограничувањето на дневното внесување калории.

– Режимот на исхрана со ограничено време на консумирање не беше покорисен во однос на намалување на телесната тежина, телесните масти или метаболичките фактори на ризик отколку дневното ограничување на калориите – напишаа авторите на студијата.
Ова не е првпат повремениот пост, што често значи дека луѓето се откажуваат од храна и јадат само во рок од шест или осум часа, да се осудува како неефикасен. Студијата од 2020 година, спроведена од истражувачи од универзитетот „Калифорнија“ во Сан Франциско, покажа дека во споредба со луѓето што јаделе нормално, оние што јаделе според овој систем изгубиле само половина килограм повеќе за 12 недели.

За најновата студија, истражувачите од Кина следеле 139 дебели пациенти, давајќи им одредени ограничувања на калориите, како и временски ограничена исхрана – помеѓу 8 и 16 часа, додека други имале само дневно ограничување на калориите 12 месеци. И на двете групи им било наложено да јадат урамнотежена исхрана – од 1.500 до 1.800 калории дневно за мажи и од 1.200 до 1.500 калории за жени.
Кога станува збор за слабеење, тешко дека имало голема разлика помеѓу временски ограничената група и испитаниците што броеле калории. Покрај тоа, немало значителна разлика во БМИ, обемот на половината, телесните масти или метаболичките фактори на ризик.
– Промените во тежината не се разликуваа значително меѓу двете групи при 12-месечната процена – напишаа истражувачите.