Фотовест: Распуст во музеј
Кон крајот на јули, во просториите на Националниот археолошки музеј во Скопје, се одржа работилница за деца со цел младите подобро да се запознаат со богатството што го крие оваа куќа на знаењето.
– Се потрудивме да им го преобразиме распустот на дечињата во една авантура низ времето. Нашите мали истражувачи ги откриваа тајните на неолитот – како живееле луѓето пред илјадници години, со што се хранеле, какви предмети изработувале и како изгледало нивното секојдневие. Преку игра, креативност и археолошки приказни, минатото оживеа на еден поинаков начин. Благодарност до сите дечиња што беа дел од ова незаборавно музејско доживување – велат од музејот.
За следната работилница насловена „Сликаме со прсти“, која ќе се одржи на 25 август, местата се веќе пополнети, но од Националниот археолошки музеј ги повикуваат сите заинтересирани да ги следат објавите на нивниот профил на Фејсбук со цел да се информираат за следните работилници за деца. Информации можат да добијат и преку електронската адреса [email protected]
Ф.Д.


































