Славната модна четворка повторно ја краси насловната страница на септемвриското издание на британски „Вог“. На фотографијата Линда Евангелиста носи блуза и чевли од „Живанши“ и здолниште од „Тиори“, Синди Крафорд носи фустан и чевли од „Долче и Габана“, ѓердан од „Булгари“, Кристи Тарлингтон носи фустан од „Сен Лоран“ од Ентони Вакарело, чевли од „Маноло Бланик“ и белезица од „Дебирс“, а Наоми Кембел е во фустан од „Долче и Габана“, чевли од „Пајфери“ и накит од „Булгари“.
Два дена во мај, Синди, Кристи, Линда и Наоми беа во фотостудио на западната страна на Менхетн за да го прават тоа што го правеа со години.
Тие не се воздржуваат од носење големи влошки за раменици, пастелни мини-костуми, тесни вратоврски и салонки со тенки потпетици и изразен шпиц – предмети што немаат врска со удобноста. Моделите облекоа парчиња што изгледаат многу слично на дизајните што ги носеа пред повеќе од 30 години, кога беа само млади девојки и облеката немаше никаква смисла за нив. Сега тие се во своите 50-ти години.
Наоми никогаш не се откажува од штиклите, дури и кога нејзините колешки се боси. Тоа е мастеркласа во посветеност, пишува „Вог“ и додава: Колку е чудно да се биде во верзија на сопствениот живот назад во иднината! И уште почудно е да го поминете целиот живот работејќи на тоа да бидете убави кога сте природно, по која било мера, прекрасни.