Научниците низ светот се поблиску до потенцијално идентификување нова сила откако субатомска честичка ненадејно „вибрираше“.
Според досега познатите факти, во природата постојат четири фундаментални сили, од кои три се електромагнетни сили, и силни и слаби нуклеарни сили – објаснување на стандардниот модел на елементарните честички.
Меѓутоа, досега физичкото знаење и факти не ја објаснуваат четвртата позната фундаментална сила, гравитацијата или темната материја, чудната и мистериозна супстанција за која се смета дека сочинува околу 27 проценти од универзумот. Сега истражувачите велат дека можеби постои уште една, петта, основна сила на природата.
– Зборуваме за петта сила затоа што не можеме нужно да го објасниме однесувањето, во овие експерименти, со четирите за кои знаеме – рече Мутеш Пател од Кралскиот колеџ во Лондон.
Податоците доаѓаат од експериментите во американскиот акцелератор на честички на „Фермилаб“, кои истражувале како субатомските честички наречени миони, кои се слични на електроните, но околу 200 пати потешки, се движат во магнетно поле.
Пател вели дека мионите се однесуваат малку како „детска вртелешка“, ротирајќи околу оската на магнетното поле. Меѓутоа, додека се движат, мионите се нишаат. Фреквенцијата на оваа флуктуација може да се предвиди со стандардниот модел.
Исто така, експериментите во „Фермилаб“ не се единствените што укажуваат на можноста за петта сила: работата во ЛХЦ исто така доведе до зачудувачки наоди, иако со различен тип на експеримент што ја разгледува брзината со која се создаваат мионите и електроните додека одредени честички се распаѓаат, пишува „Гардијан“.