Ајде да видиме

„Номен ест омен“ (Nomen est omen) гласи познатата латинска изрека, која во превод значи „името е знак“. Според неа, симболиката на името и неговото значење говорат за личноста што го носи.
Сепак, ова звучи по малку како предрасуда, можеме ли за некого да судиме само според името што го има?

Своето име често го добиваме дури пред да се родиме и пред да знае кој било каква личност ќе бидеме. Сепак, постојат верувања дека името на личноста е длабоко вкоренето во нејзината душа. Со нашиот избор на името одредуваме какви особини ќе има и какво место ќе заземеме во реалниот живот.
Но изреката „името е знак“ е доказ дека во антиката имало предубедувања во врска со името, а тоа се случува и денес. Според голем број истражувања, името што го носиме во голема мера влијае на нас како личност, во рамките на општествените норми, но и потсвесно. Името што ќе го изберете за вашето дете, тоа ќе го носи целиот живот, па затоа потрудете се тоа да биде убаво име со позитивно значење.
Бидејќи секое име има некое свое значење, издвојуваме неколку примери:

Александар – заштитник на луѓето
Ана – благодат
Ангел, Ангела, Ангелина – гласник од небото, мило суштество
Благој – добар, мил
Владимир – владетеле што управува со мир
Душан – човек со добра душа
Кирил – име што укажува на господско однесување
Маја – укажува на лице родено во мај, носи радост
Максим – најголем, најсилен
Марија – цврста, постојана
Наум – утешител
Огнен – силен, не му пречи огнот
Петар, Петранка – цврсти како карпа
Симеон – посветен на молитва
Тодор – божји дар
Никола – заштитник ан сиромашните
Филип- љубител на коњи