Јане Сандански во село Лопово, Пиринска Македонија, јануари 1905 година

По повод 108-годишнината од убиството на македонскиот револуционер, вчера се одржа семакедонски собир пред споменикот на пиринскиот цар Јане Сандански во Мелник, Бугарија, во организација на забранетата македонска партија ОМО Илинден Пирин, од кој се изрази силен протест против бугарската политика на асимилација на македонскиот народ во Бугарија, неговото негирање и дискриминација, како и против негирањето на македонската нација и идентитет. Стојко Стојков, претседател на забранетата македонска партија, пред насобраните Македонци ги соопшти главните точки на изразот на протест против официјалната политика на Софија кон македонското малцинство, кон македонската нација и кон државата Македонија и повика на борба за одбрана на идентитетот, нагласувајќи дека моментот е историски.
– Изразуваме протест против политиката на свртување на бугарските граѓани против Македонија и Македонците и против македонското малцинство во Бугарија, блокирањето на европската интеграција на Република Македонија, влошувањето на односите меѓу двете земји и народи како последица на антимакедонската политика што ја води бугарската држава. Изразуваме протест поради изјавите што се граничат со фашизам на претседателот на Бугарија, Румен Радев, и други бугарски политичари и државници против македонската нација и држава – рече Стојков.

М.Ј.