Мисли глобално, дејствувај локално

  •  Еден литар бензин може да загади 750.000 литри вода за пиење.
  •  За миење автомобил со црево може да се потрошат и до 600 литри вода.
  • Ако фрлите алуминиумска лименка или пластична чаша во природа, таа може да се најде во истиот облик, неизменета и по 500 години.
  •  Во отпадоците има отровни материи што влијаат на смртноста кај животните. Пластиката личи на храна, па тие често ја употребуваат во исхраната.
  •  Пластичните ќесиња во океаните и морињата убиваат речиси еден милион морски животни годишно.
  • Во текот на животот фрламе ѓубре со тежина колку 600 возрасни луѓе.
  • Дрво старо 100 години создало онолку кислород колку што му е потребно на еден човек за 20 години.
  • Од фрлените хартија и дрво, пет милиони домови би се грееле 20 години.
  • Еден хектар иглолисна шума има способност да апсорбира 32 литри прашина, а ако шумата е букова, апсорбира 45 литри прашина.
  •  Еден тон рециклирана хартија спасува 17 израснати дрвја.
  • Еден тон рециклирана пластика заштедува 900 литри нафта.
  •  Стаклото може неограничено да се рециклира.
  •  Еден кубен метар воздух во шума содржи 200-300 бактерии, додека во истиот волумен во големите градови има 250 пати поголем број бактерии.
  • На Земјата секоја година се уништуваат шуми со површина колку Австрија.