Фото: Пиксабеј

Домување

Кујната е просторијата во која се одвиваат повеќето активности во домот, па одржувањето на редот е еден од најголемите предизвици. Среде постојаниот хаос што се случува во кујната, од чистење, готвење и повторно чистење, и не само садовите или неодамна користените работни површини, туку и плакарите, шпоретот и печката – лесно е да се заборави на храната, која исто така бара подобра контрола и организација.
За најпознатата американска домаќинка Марта Стјуарт нема оправдувања. Таа предлага да ги засукате ракавите и конечно да се ослободите од секојдневните предмети што повеќе не се безбедни за употреба или за консумирање, како и на оние што се непотребни или зафаќаат вреден простор.
Меѓу таквите предмети се: тенџериња и тави што не се во добра состојба, искршени, изгребани или валкани пластични садови за храна на кои им недостига капак или пак се оштетени. Меѓу работите од кои треба да се ослободите секако е и расипаната храна, онаа со поминат рок, но и сувите намирници во шпајзот, како и зачините. Ако имате изгребани пластични штици за сечкање време е да се збогувате со нив. Гребаниците задржуваат бактерии што понекогаш не може да се отстранат само со миење.
Дури и кујнските предмети што се во одлична состојба создаваат неред доколку не се користат. Пред да купите нешто за кујната, размислете дали и колку често ќе го користите, како на пример цедалка за чај, алатка за сладолед, тостер… Ако можеби сте добиле некои предмети, како што се промотивни керамички чаши, не собирајте ги. Ако не ги користите, однесете ги на работа или фрлете ги.