- Што беше онаа лудница и глутница во Скопје? Протест? Каков протест – тоа е интифада. Што е интифада? Барање територија, држава и крв! Не сме идиоти – крв барате! Навистина не сакам да пишувам ваков тип текстови – но морам! Зошто? Оти сум загрозен! Како граѓанин на Македонија и Македонец од некаков етноморфизам – јас сум физички загрозен! Вие сте загрозени! Она урлање, дивеење, па и тепачки вчера јасно го индицираат тоа. Како во научнофантастичните филмови со „стада од зомби“. Каков јазик бре – ова не е барање јазик (кој е дозволен, а и така треба) – ова е барање територија!
„Кај индивидуи лудилото е ретко, но кај групи, партии и нации, тоа е закон“ (Фридрих Ниче, „Отаде доброто и злото“).
Ех Албанци, пријатели, ме разочаравте. Длабоко ме пониживте мене, кој ве цени, ве пофалува, а на вашата пријателка Македонија ѝ забивте нож – „Адио сакана, не ме сакаше животот, а ти ми го уби“… Така пееја Евреите кога ги транспортираа во Аушвиц и Треблинка. Што беше онаа лудница и глутница во Скопје? Протест? Каков протест – тоа е интифада. Што е интифада? Барање територија, држава и крв! Не сме идиоти – крв барате! Навистина не сакам да пишувам ваков тип текстови – но морам! Зошто? Оти сум загрозен! Како граѓанин на Македонија и Македонец од некаков етноморфизам – јас сум физички загрозен! Вие сте загрозени! Она урлање, дивеење, па и тепачки вчера јасно го индицираат тоа. Како во научнофантастичните филмови со „стада од зомби“. Каков јазик бре – ова не е барање јазик (кој е дозволен, а и така треба) – ова е барање територија! Денес „јазик“, утре Кичево, задутре Скопје, па нешто друго, па друго и опааа – „ова е наша територија и вие Македонци марш – губите се“! Нема да се случи? Верувате? Тој што верува во тоа е клинички случај на деменција или идиот. Ова вчера беше силување! Политичка педофилија! Етнопедофилија! Беснеењето беше страотно – кога поминуваа низ Камени мост мислев дека некој ќе летне во Вардар. Во вакви случаи треба да се забранат толпи низ Камени мост и такви места. А зошто немаше македонско знаме? Јас ќе ви кажам: за нив Македонија е хартија за бришење… Ако имаше едно македонско знаме, ќе го згазеа. Тие плачат за Албанија и Косово! Тие се косовски орган и оргазам. Македонија исто како Србија, Бугарија и истокот за нив е одвратност – нихилност. Што бараат агенти од Косово и Албанија? Кој ја води играва? Еј, служби безбедносни – разбудете се! Купени ли сте? Ве седнале ли? Јас и вие граѓани на Македонија – не сте безбедни – не сте! Размислете – пред две недели палење на Еврејската заедница, а сега – интифада! Што? Нема врска? Не продавајте ми бурек без месо за црн грав! Тоа ви е од еден ист џихадистички крволочен центар. А знамето, ако баш сакате, не е албанско, ниту од Кастриоти. Тоа е од Римската Империја. Империјата има орел – како кондор што јаде месо, а црвената боја се крвта и месото. И Европа е „љубовница“ на џихадистите („евроџихад“… читајте ги Анџел Рабаса, Басам Тиби, Питер Бергман, Ориана Фалачи). Премиерот Мицкоски вели „треба да се обединиме во Македонија“. Фино. Прекрасно. Романтично. Бајка. Срцепарателно. Со години ова го пееме. И? Дали е ова идила, супликација или „моли-клекни“? Како? Па ги молиме и коленичиме со години. Со децении. Ги молиме да се чувствуваат дома. Ги молиме како да сме осуденици на смрт! За што? За Македонија, бре! За Македонија коленичиме. Клекнавме. Имаме ли достоинство…. е па, коленичите бре браќа! Како ќе задржиш жена што е вљубена во друг и му се џитка во прегратка? Со молење? За добивање гласови? – Е па, молете, коленичете, преколнувајте ја жената што сака друг, а вас ве мрази! Во 2001 година кога беше уништена манастирската црква во Лешок, јас предложив да се пратат монаси во центри за инџа-одбрана на манастири. Да учат.
Такви центри има во Америка и во Јапонија (им дадов податоци од интернет). Како реакција на тоа престанаа да ме канат на верски настани како пред тоа. Добро, си реков згрешив, можеби згрешив – Амин!… Чекај чекај – во моментов гледам дебата на Канал 5 и еден ги брани балистите и ванчомихајловистите (и двете од Химлер). Срамно! До кога во медиумите ќе ги гледаме овие гнасни ликови? Бали комбтар е формирана од 21-Вафен-СС-дивизија и касапела низ Косово, Србија и Македонија. Додека чесни Албанци криеле Евреи, балистите ги апселе и ги предавале на Германците и тие се спроведени во Берген-Белзен – ужасен логор каде што умрела и Ана Франк. Балистите убиле половина од мојата македонска фамилија во Кичевско – знаете ли како? Со сечење грклани и глави. Ги колеле како свињи. Крв им е во душата. Ја спалиле Беличица. Во Кленовец ги испоклаа. А оној на телевизија ги величи балистите. Плукнете го! А вие интелигенцијо, ќе коленичете ли? Ќе се лигавите ли и понатаму на џихадот и Иранот? Мајка ми Жамила, која беше партизанка, и херојката Фана Цветковиќ кажуваа „кога се бориш со Германци или Бугари, тактизираш, напаѓаш и се повлекуваш, а кога се бориш со балисти напаѓаш и напаѓаш и напаѓаш – оти ако се повлекуваш, ќе те фатат и искасапат“. Сила и сила – само сила е лекот… ако немаш сила, мртов си! Сила бре – сила или крв! Исто како на Блискиот Исток. Под притисок на балистите оние со бугарски пасоши ќе „се молат“ кон Бугарија. Дали во иднина Македонецот ќе плива на плажите од Јонско или Црно Море? Ако не сте способни да се браните – обратете му се на НАТО. А ако НАТО ве заштити од балистите, наречете ме луд како што вели Ниче. Решение (по мене „полудениот“) треба да си ги имате бранителите, кои државата ги понижи и плукна, како што сега ги плукна граѓаните. Ако не бранителите – тогаш нинџи! Ако не нинџи – коленичите бе браќа, понижувајте се во следните векови! Сакате држава? Тој што знае „што“ – мора да најде и „како“.
Да погледаме малку во Израел (кој нашите интелектуалци го презираат, љубејќи ги џихадистите). Пред триесетина години толпи од Палестинци (кои единствено на работа ги прима Израел, а арапските и исламските земји ги презираат) – се побунија. Брутално, ама не заради арапскиот јазик! Каков јазик – тие сакаат Израел да не постои. Ни јазик ни бутур. Иран во уставот вели дека Израел и Евреите не треба да постојат! Можеби таков устав ќе бараат и балистите. Еве ви војна сега. Кај нас ќе нема војна? – Немој да бидете идиоти! Со интифада следува наоружување, па следува војна – познат редослед. Во Израел по првата интифада имаше финансиска загуба, па добивка на побунетите од 1,2 милијарда долари. Со тие пари наместо леб, купуваа ракети. Иран само на Хезболах му дава една милијарда долари годишно. Израел финансиски има многу повеќе, па затоа постои. Ако стане обратно – Израел ќе го нема (в. модел на Ричардсон). Пари Циле, пари. Што пари имаме ние? Нема интифада без милијарда. Колку оружје кријат балистите (интифадисти)? Никој нема поим. Еве во моментот на Канал 5 го слушам оној урлатор што шизи за балистите. Се гадам! Ве молам, кажете му на господинот Видиновски дека го обожувам како водител – но оваа емисија денес (20 мај) е гнасотија нацистичка! Разбирам, разбирам, Канал 5 сака да ги покаже фекалиите во градот и балистите. Понатаму за Израел. Податок од интернет е дека Хамас имал 15-30 илјади ракети овие години, а од аналитичарот и агент Клиф С. Хезболах во еден момент имал до 300 илјади проектили (без дроновите). Европа според интернет (податоците се класифицирани) го наведува следното – Британија има 3.000 (посебно антитенковски две-три илјади), а Германија вели 2.500 проектили.
Значи овие земји имаат многу помалку проектили (ненуклеарни) од Хамас, а многу многу помалку од Хезболах. Европа е инфериорна кон овие џихад-групи. Европа има дефицит на проектили и дефицит на „мажи“. А кај нас? Идеологијата на Хамас, Хезболах и балистите е џихадизам – клање, крв, дали сфаќате? Финансирањето е главно од Иран, но и други слабо наведувани извори. За улогата на безбедносните служби ќе зборуваме другпат. А од каде примаат финансии нашиве џихадисти? – Опаааа. Безбедносни извори велат – од Иран, Саудиска Арабија, арапски земји, а и од други џихадистички режими, плус… од трговија на дрога, луѓе, лекови, агромафии, градежни мафии… тука богами не се само џихадистите туку и наши. Поврзани се со светот (в. Јана Арсовска, Џон Лукас, Илиевски, Бабановски). Поддршки имаат и од разни служби. Тие се мозокот. Интифадата е бизнис. Интифадата се роди – навистина се роди! А што кога ќе дојде фашизмот во Европа? Што се оние океански нуклеарни маневри?
Јас оваа интифада од вчера ја гледам како ерозија на државата и претпуч или преврат. Вие – како сакате!
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио
































