„Не е ниту сон“ е изложба на слики на Владимир Илиевски поставена во галеријата МКЦ, со која претставува нова серија слики што се доближуваат до она што може да биде сон, a не е.
– На моменти е сосема обично чекање под црвеното светло од семафорот или држење вазна со цвеќе, а некаде е јавање низ облаци или лежење под планина што лебди – вели Илиевски.
Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 г. реализирал дванаесет самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Автор е и на два мурала, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р Бугарија, Србија. Добитник е на седум национални награди. Од 2012 г. е член на ДЛУМ, а од 2022 е член и на ДЛУБ.