Од 1992 година, 3 Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со инвалидност, за да промовира целосно и еднакво вклучување на лицата со инвалидитет во сите аспекти на социјалниот живот, да го промовира разбирањето за проблемите на лицата со инвалидност и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на овие лица.
По тој повод, Дневниот центар во Гевгелија, во соработка со Народниот музеј од Гевгелија, организира хуманитарна изложба, на која во уметничката галерија „Амам“ беа изложени рачните изработки што со многу љубов и внимание ги изработија корисниците на Дневниот центар.
Во овој дневен центар се згрижени 18 корисници, на кои им се нудат индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности.
Љ.А.