Животни
Сопствениците на мачки премногу добро ја знаат оваа приказна. И покрај тоа што знаеме дека го сакаат, дали на мачките им е дозволено да консумираат јогурт? Одговорот е да, некои видови јогурти се безбедни за мачките. Но тоа не значи дека јогуртот треба да стане редовен дел од нивната исхрана. Пред да му го понудите овој млечен производ на вашето домашно милениче, проверете ја листата на состојки за да избегнете некои што се исклучително лоши за мачките.
Јогуртот за луѓе нуди високо ниво на протеини, калциум, витамини Б2 и Б12 и пробиотици, па затоа е реално да мислите дека е добар за вашето маче. Но имајќи предвид дека вашата мачка веќе јаде здрава, урамнотежена храна за мачки препорачана од ветеринар, овие придобивки не се доволни за да го оправдаат додавањето јогурт во секојдневната исхрана на вашето домашно милениче. Рене Шмид е ветеринарен токсиколог што работи на линијата за помош на домашни миленици. Таа објаснува дека иако мачките можат да јадат јогурт, тоа не е идеално задоволство за сите мачки.
– Млечните производи генерално може да предизвикаат гастроинтестинални тегоби кај мачките бидејќи повеќето мачки се нетолерантни на лактоза, што главно предизвикува течна столица и повраќање – вели таа, додавајќи дека поради тоа, јогуртот не треба да биде високо на листата на идеална храна за мачки.
Најчестиот знак за нетолеранција на лактоза е непријатност како дијареа или повраќање. Шмид вели дека ако вашето маче доживее некој од овие симптоми во рок од осум до 12 часа откако ќе јаде млечни производи има добри шанси да има нетолеранција на лактоза.
Ако вашата мачка не е чувствителна на млечни производи, повеќето обични, незасладени јогурти се безбедни за мачките. Меѓутоа, пред да ѝ понудите ваков оброк на вашата мачка треба да бидете сигурни дека нема дополнителни состојки што би можеле да ѝ наштетат на вашата мачка. Општо земено, нискокалоричните и ароматизирани јогурти се забранети бидејќи обично содржат дополнителни токсични состојки што треба да ги чувате подалеку од вашата мачка. Тие вклучуваат: ксилитол, грозје или суво грозје, чоколадо, агруми (лимон, портокал, грејпфрут итн.) и кокос.