Промоција на списанието „Големото стакло“ ќе се одржи вечерва, во 20.30 часот, во Музејот на современа уметност. Списанието првпат е издадено во 1995 година и публикувано во 24 броја до 2009 година. Сега списанието со нов концепт, како списание за современа уметност култура и теорија, означува нов почеток.

Издавањето на англиски јазик овозможува МСУ да соработува интензивно со меѓународни автори, како и со други културни, уметнички и академски центри и институции.

Главен и одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски.