Стрип-центарот на Македонија (СЦМ), со седиште во Велес, изминатиот викенд го промовира македонскиот стрип на 12-от Новосадски стрип-викенд. Програмскиот координатор Томе Трајков, заедно со извршниот директор на СЦМ, Ване Трајков, имал контакти со реномирани стрип-автори од регионот, како Бане Керац, Игор Кордеј, Светозар Обрадовиќ Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ, Леонид Пилиповиќ, Ања Тановиќ…

– Наедно, остваривме и контакти со други фестивали, како „Нифест“ од Ниш, и консултации за формирање асоцијација на стрип-фестивали – рече Трајков.
За популаризација на македонскиот стрип, СЦМ на Новосадскиот стрип-викенд на посебен штанд ги промовирал „Стрип-креатор“, „Стрип-алманах“ и авторските стрип-книги во негово издание.