Експерименталниот фузиски реактор, односно вештачкото сонце, создаден во Кина, кој го имитира процесот на нуклеарната фузија, направи пресврт во експериментите од овој тип, кога достигна температура од 100 милиони Целзиусови степени.

Сега кинеските научници најавуваат дека ќе ја довршат изградбата на реакторот „ХЛ-2М токамак“, како што тој реактор официјално се нарекува, до крајот на оваа година, објави списанието „Сајанс алерт“.

Плазмата на вештачкото сонце главно се состои од електрони и јони, а кога ќе биде готово, тоа ќе послужи како вовед за идните фузиски реактори и со тоа ќе ја доближи Кина до остварувањето на сонот за чиста енергија.

Најавено е и создавање на вештачка месечина, односно светлосен сателит, кој на градот Ченгду ќе му служи наместо улично осветлување.