Конзервативната влада на премиерката Тереза Меј ја очекува „пресметка“ со парламентот, околу нејзиниот одбиен договор за повлекување од ЕУ, додека, пак, пратениците нудат алтернативни опции, што би можеле да го изменат исходот од брегзит. Британскиот парламент на 29 јануари ќе дебатира за предложените следни чекори од Меј, како и за алтернативните планови што ги доставија пратениците. Меѓу предлозите има барања за одложување на излегувањето на Британија од ЕУ на 29 март, со продолжување на двегодишниот преговарачки период според членот 50. Една од алтернативите предвидува префрлање на контролата на процесот од Владата, и да му се овозможи на парламентот шанса да го дефинира брегзит. Ако успее, тоа би можело да има голем ефект, овозможувајќи им на пратениците што сакаат да го блокираат, одложат или предоговорат брегзит, можна правна рамка да го сторат тоа.