По најавата на САД за блокада, порасна цената на нафтата
Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа.
Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари.
Во текот на војната со Иран, цената на...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува...
Штрајк во „Луфтханза“, се очекува откажување на стотици летови
Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ започнаа дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај.
Штрајкот, кој ги опфаќа пилотите на главниот бренд, како и на „Луфтханза карго“ (Lufthansa Cargo) и „Луфтханза ситилајн“ (Lufthansa CityLine), започна веднаш по полноќ и ќе трае 48 часа. Во авиокомпанијата „Евровингс“ (Eurowings), сите полетувања од германските аеродроми ќе бидат погодени само во текот на...
САД од денеска ќе воведат блокада на иранските пристаништа
САД од денеска ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.
Командата ЦЕНТКОМ соопшти дека од 10 часот (14:00 по Гринич) ќе биде блокиран целиот поморски сообраќај кон...
Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
Русија нема да го продолжи велигденското примирје, што истекува вечерва на полноќ, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски не ги прифати условите на Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Одржливиот мир може да дојде кога ќе ги обезбедиме нашите интереси и ќе ги постигнеме целите што ги поставивме на почетокот. Тоа буквално може да се направи денеска, но Зеленски мора...
Петер Маѓар: Премиерот Орбан ни честиташе телефонски за нашата победа
Премиерот Виктор Орбан ни честиташе телефонски за нашата победа, објави лидерот на опозициската Тиса, Петер Маѓар, кој води по денешните парламентарни избори во Унгарија.
На обработени над 60 отсто од гласовите, партијата на Маѓар би имала 136 пратеници, додека Фидес на Орбан 56. Во парламентот се очекува да влезе и ултрадесничарската партија Наша татковина која би била единствената помала партија...
МВР по обидот за опожарување објект на Еврејската заедница: Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Во СВР Скопје, изутрината во 7.22 часот, Ј.Ј. пријавил дека на ул.„Апостол Гусларот" во двор од верски објект забележал канистар за гориво и траги од горење, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи откако Еврејската заедница во Македонија вечерва извести за обид за опожарување на објект на Заедницата и на синагогата во Скопје.
- Веднаш по добиената пријава од...
Обид за опожарување на синагогата во Скопје, пријави Еврејската заедница во Македонија
Еврејската заедница во Македонија информира дека денеска, 12 април, бил направен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје.
-За првпат во поновата историја, беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и Синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз темелните вредности на цивилизираното...
ЕУ со порака дека дипломатијата останува од „суштинско значење“ по неуспехот на преговорите меѓу САД и Иран
Европската Унија останува убедена дека дипломатијата е од суштинско значење за решавање на сите отворени прашања во конфликтот на Блискиот Исток, изјави портпаролот Анвар Ел-Ануни по неуспехот на разговорите меѓу САД и Иран, посредувани од Пакистан.
-Го пофалуваме Пакистан за неговите напори за посредување. Европската Унија ќе придонесе за сите дипломатски напори, земајќи ги предвид сите свои интереси и загрижености,...
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана за големиот христијански празник Велигден
Македонско друштво „Илинден“-Тирана го честита Велигден на православни верници, со желба да го слават во текот на многу следни години.
-Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден нашите мисли и...








































