Четворица разбојници во Скопје одзеле пари од малолетници во Градскиот парк, полицијата ги лишила од слобода
Припадници на МВР лишиле од слобода четворица разбојници веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници.
-На 11.4.2026 околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со...
Лишени од слобода крадци, на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје одзеле личен накит од скопјанка
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне лишиле од слобoда двајца крадци, откако претходно на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје со употреба на физичка сила одзеле личен накит од 74-годишна жена.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по...
Парламентарни избори во Унгарија
На денешните парламентарни избори во Унгарија до 11 часот гласале 37,98 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија.
Според податоците објавени на веб-страницата на Националната изборна канцеларија, за гласањето биле регистрирани 7.527.742 избирачи, а до 9 часот излезноста изнесувала 16,89 отсто.
Изборите би можеле да стават крај на 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан, а нивното значење се оценува како важно...
ФОТО: Утринска велигденска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје
На првиот ден на воскресението на Исус Христос, во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, се одржа воскресна света литургија, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - ОА, г.г. Стефан.
Велигденски честитки од државниот врв и од партиите: Здравје, мир и благосостојба во секој дом
Мирот, љубовта, здравјето и Божјиот дух да бидат дел од сечиј дом, е главната порака која денеска, по повод најголемиот христијански празник Велигден, ја упати државниот врв во Македонија и лидерите на политичките партии. Тие, во своите честитки, се обврзуваат да истраат во она, како што велат, најдоброто за Македонија и граѓаните - просперитет, обединетост и одговорни политики.
-Во овие...
Г. г. Стефан: Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети
Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: Христос воскресна!, истакнува во велигденското послание поглаварот на Македонската православна...
ФОТО: Верниците го дочекаа Велигден и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје вчеравечер се одржа литургиска прослава на Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот и најсветлиот христијански празник. Со литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На полноќ верниците си честитаа со: Христос воскресна! Навистина воскресна!.
САД и Иран започнаа директни мировни преговори во Исламабад
Во Исламабад денеска започнаа директни мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, потврдија пакистански владини претставници.
Разговорите се одвиваат лице в лице, со посредство на пакистанските власти, по првичната неизвесност дали ќе има директна комуникација меѓу двете страни.
Американската делегација ја предводи Џеј Ди Венс, заедно со специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Иранската страна ја претставува Мохамад Багер...
Слегувањето на Благодатниот оган во Ерусалим и годинава се случи и покрај безбедносните ограничувања
Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и годинава се појави Благодатниот оган, еден од најзначајните настани во православието што традиционално се случува на Велика сабота, во пресрет на Велигден.
Огнот се појави во кувуклијата – параклисот над Светиот гроб, каде што според христијанското предание е погребан Исус Христос, по молитвата на ерусалимскиот патријарх Теофил Трети.
Оваа година церемонијата се одвиваше...
Намалување на цените на горивата од вторник: Владата најави поевтинување на бензините и дизелот
Владата најави ново намалување на цените на нафтените деривати, кое ќе стапи на сила од вторник, врз основа на анализите на енергетските пазари и очекуваната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, пренесе МИА.
Според најавата, цената на Еуросупер 95 ќе се намали за 1,5 денари и ќе изнесува 82 денари за литар, додека Еуросупер 98 исто така ќе поевтини за...








































