Муцунски упати честитки до Петер Маѓар
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија.
Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“.
-Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо...
ФОТО: Пролетна магија во Скопје, градот расцутен во виолетова боја
Скопје во пролет добива сосема нов лик – улиците, парковите и кејот се исполнети со бои, мириси и живот. Градот пулсира со енергија, додека сончевите денови ги повикуваат граѓаните да уживаат во секој агол.
Стартува европска контрола на брзина, 24-часовен „маратон“ на полицијата низ цела Македонија
Од 13 до 19 април на патиштата низ Македонија ќе се спроведува засилена контрола на брзината како дел од европската акциска кампања на РОАДПОЛ (ROADPOL).
Македонската сообраќајна полиција се приклучува на оваа акција со интензивни контроли насочени кон санкционирање на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина, но и со силен превентивен фокус.
- Кулминацијата на акцијата ќе биде на 15 април,...
Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка. Еден возач во Неготино управувал возило под...
Трамп го обвини Иран дека не го исполнил ветувањето за отворање на Ормускиот Теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран дека не го исполнил ветувањето за отворање на Ормускиот Теснец и преку својата мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) порача дека Техеран ги крши меѓународните закони и ја загрозува глобалната безбедност.
-Иран вети дека ќе го отвори Ормускиот Теснец и свесно не го стори тоа, предизвикувајќи вознемиреност и страдање кај многу народи низ светот....
Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино
Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР Велес.
- Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во овој град, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го...
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) на неговата веб страница.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и...
Климатските промени одамна престанаа да бидат апстрактен глобален проблем и сè појасно се чувствуваат и во Македонија
Климатските промени одамна престанаа да бидат апстрактен глобален проблем и сè појасно се чувствуваат и во Македонија – преку повисоки температури, подолги сушни периоди, поинтензивни пожари, аерозагадување и деградација на природните ресурси. Заедничката порака од научниците, универзитетските професори и граѓанскиот сектор е јасна: трендовите се загрижувачки, причините се добро познати, решенијата постојат, но недостига системска координација, стабилно финансирање и...
ФОТО: Кој е Петер Маѓар, човекот кој победи на изборите во Унгарија
Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, стана новото политичко лице на Унгарија откако на парламентарните избори убедливо го порази Виктор Орбан и стави крај на неговата 16-годишна власт, пишува „Си-ен-ен“.
Маѓар израснал во периодот на демократската транзиција во Унгарија, а како млад дури имал постер од Орбан – тогаш либерален антикомунист – на ѕидот од својата соба. Денес, токму тој...
Фон Дер Лајен меѓу првите му честиташе на Маѓар
Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, беше меѓу првите европски лидери кои му упатија честитка на Петер Маѓар по неговата изборна победа во Унгарија.
– Унгарија ја одбра Европа. А Европа секогаш ја одбираше Унгарија. Земјата се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна. Европското срце денеска чука посилно во Унгарија – напиша синоќа Фон дер Лајен на...








































