Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на неодамнешните мировни преговори во Исламабад
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на неодамнешните мировни преговори во Исламабад, наведувајќи ги она што го опиша како прекумерни барања и недостиг на политичка волја кај високите американски функционери.
Во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Пезешкијан рече дека факторите го спречиле постигнувањето договор, објави вчера иранската државна телевизија на англиски јазик Прес ТВ, пренесува...
Џеј Ди Венс: Поразот на Орбан е „многу лош за САД“, но ќе соработуваме со новиот премиер
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан е „многу лош“ за САД, но нагласи дека Вашингтон ќе соработува со новата влада во Будимпешта, јавува Анадолија.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс истакнал дека администрацијата во Вашингтон била свесна дека постои реална можност Орбан да ги загуби изборите, но сепак му дала поддршка.
-...
Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени 2 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, 5 Kрушево, 6 Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип.
На Попова Шапка има и снежна покривка од 15 см.
Во текот на денот...
ОН: Отчукува часовникот, поради Ормускиот Теснец може да има глобална криза со храна
Обединетите нации предупредуваат дека прекините во сообраќајот низ Ормускиот Теснец можат да ја турнат светската економија во нова прехранбена криза, со сериозни последици врз цените на храната и инфлацијата.
Според Обединети нации и нивната агенција Организација за храна и земјоделство (ФАО), нарушувањата во оваа клучна поморска рута веќе го ограничуваат транспортот на нафта, гас и ѓубрива – ресурси од суштинско...
Отфрлена тужбата на Трамп од 10 милијарди долари против „Волстрит џурнал“
Федерален судија во САД ја отфрли тужбата од 10 милијарди долари што Доналд Трамп ја поднесе против „Волстрит џурнал“, објави „Њујорк пост“.
Според судската одлука, тимот на Трамп не успеал да докаже дека весникот постапувал со „вистинска злонамерност“, што е клучен правен стандард во случаи на клевета кога станува збор за јавни личности.
Тужбата се однесуваше на текст поврзан со наводно...
Воената блокада на иранските пристаништа започна, САД го затворија сообраќајот кон и од Иран
Воената блокада на целиот сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа од страна на СAД почна денеска во 16 часот по средноевропско време, откако пропаднаа мировните преговори во Пакистан за време на викендот.
Корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран се закани со одмазда.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека иранската морнарица е „целосно уништена“ и додаде дека ќе уништи...
Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите: бара одговорност за обидот за палење на синагогата во Скопје
Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен ги поздрави „решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните“ за обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe.
Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување.
-Ви благодарам, министре....
„Под облаците“ на Орце Стојчевски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата Црква „Под облаците“ во Скопје на авторот Орце Стојчевски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во...
Муцунски упати честитки до Петер Маѓар
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија.
Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“.
-Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо...
ФОТО: Пролетна магија во Скопје, градот расцутен во виолетова боја
Скопје во пролет добива сосема нов лик – улиците, парковите и кејот се исполнети со бои, мириси и живот. Градот пулсира со енергија, додека сончевите денови ги повикуваат граѓаните да уживаат во секој агол.








































