Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
ЈСП Скопје информира дека за време на новогодишните празници ќе има изменет режим на сообраќање на јавниот превоз, како и промени во работното време на билетарниците, центрите за персонализација и Жичницата.
Утре (31 декември 2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по редовен зимен возен ред. Во четврток (1 јануари 2026 година), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што...
Трамп потврди дека е извршен напад врз Венецуела
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека американските сили уништиле пристаниште во Венецуела, кое го користеле бродови осомничени дека учествуваат во шверц на наркотици.
Нападот врз пристаништето најверојатно е прв копнен напад врз Венецуела од почетокот на американската воена кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка.
- Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите се натоварени со дрога. Значи,...
АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците, изречени 60 казни во вредност од над 33.000 евра
Со спроведените контроли и утврдените недоследности во пресрет на новогодишните и божиќните празници, изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за оператори и одговорни лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна,...
Отворени реновираните експозитури на Шпаркасе банка во Капиштец и во Чаир
Шпаркасе Банка АД Скопје ја заокружува оваа 2025 година со реотворање две реновирани експозитури – во Капиштец и во Чаир. Експозитурата во Капиштец се наоѓа на ул. „Народен фронт“ бр. 19, а експозитурата во Чаир на ул. „Џон Кенеди“ бр. 155 во Скопје. Двете експозитури се отворени секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 8.00 до...
Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра – ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт
Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со резервни делови, а целта е поголем транспорт на стоки и генерирање приходи на претпријатието.
Како што беше речено пред потпишувањето, проектот е важен чекор кон модернизација на...
Инструментализацијата на малцинствата во Албанија од страна на Бугарија претставува сериозна закана за човековите права и безбедноста, вели Специјалниот известувач на ОН, Леврат
Специјалниот известувач на Обединетите нации за малцински прашања, проф. Николас Леврат, обраќајќи се на Форумот за малцински прашања во седиштето на ОН во Женева, во рамки на официјалната сесија организирана од неговиот мандат, даде јасен и принципиелен одговор на излагањето на Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), посветено на положбата на македонската заедница во Албанија,...
Каматата на кредитите во ноември 4,80 проценти, на депозитите 2,18
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени (п.п.) и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 проценти и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п, соопшти Народна банка.
Во ноември, просечната каматна...
На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан – Пеќин
На патниот правец Елбасан-Пеќин во Албанија, на цистерна со гас со македонски регистарски ознаки, избувнал пожар, но за среќа без поголеми последици.
- Инцидентот е регистриран вчера попладне кога поради технички дефект избувнал пожар во гума на возило цистерна, управувано од македонскиот државјанин И.П.(33). Како последица на тоа, оштетена се само гумите на возилото - стои во полициското соопштение.
Се додава...
ДКСК утврди дека министерот за здравство не го прекршил Изборниот законик кога во изборен период присуствувал на отворање на приватна амбуланта
ДКСК на денешната последна седница за 2025. година постапуваше по повеќе предмети, меѓу кои за недоставување имотен од носители на функции, за прекршувње на Изборниот законик за време на локалните избори, злоупотреби на службени положби и овластувања, за корумпираност при носење судски одлуки, при што во досегашната расправа ги запре како несновани или пак во одредени утврди дека е...
Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
Денеска од 15 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Од АМСМ информираат и дека во 11:00 часот ГП Евзони (Гп Богородица) е затворен за сите видови возила.
Од Македонија пат, пак, информираат дека сообраќајот на патниот правец...








































