МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на територија на државата биле лишени од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило. Деветмина од нив управувале без возачка дозвола – тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево. Двајца возачи биле затекнати под дејство на алкохол во Гевгелија и Скопје, додека тројца управувале возило и покрај активна забрана за управување – во Кичево, Куманово и Велес.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, пренесе МИА.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со изречена забрана за управување, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.


































