Монографија за 70 години Завод и музеј Прилеп
Монографија за 70 години Завод и музеј Приле
„Од артефакт до идентитет-седум децении културна меморија"е монографијата што беше промовирана денес во Завод и музеј Прилеп, со што се заокружија активностите за одбележување на 70 години од формирањето на институцијата.
- Постојат јубилеи што се одбележуваат со бројки и јубилеи што се чувствуваат.Овој денешниот е јубилеј што се чувствува - рече меѓу...
Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе започне со производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала.
На предновогодишната традиционална средба со новинарите, Рама рече дека цел на Албанија е да го достигне просекот на земјите-членки на НАТО во однос на финансиската поддршка.
Рама рече дека оваа година Албанија е опремена со ракетен систем „Џавелин“, три патролни бродови од Италија...
Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
Клиниката за пластична хирургија, во соработка со Министерство за внатрешни работи ја финализираше едукативната кампања во средни и основни училишта за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на петарди, што се одвива под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“.
Како што соопшти Министерството за здравство, лекарите од Пластична хирургија посочуваат дека во изминатите години...
АД МЕПСО го пушти под напон и во пробна работа реконструираниот 110 киловолти далековод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1
АД МЕПСО – Скопје соопшти дека реконструираниот 110 киловолти далековод бр. 109 на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1 е пуштен под напон и ставен во пробна работа.
- Реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 киловолти далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно демонтиран и заменет со...
Владата го усвои Предлог законот за јавно обвинителство
Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Предлог законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото.
Донесувањето на овој закон, како што соопштија од владината прес-служба, претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како...
Привремен прекин на електронските услуги на УЈП до доцните попладневни часови
Привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата за јавни приходи (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници ќе има денеска со почеток од 16:00 часот.
Како што информираат од УЈП се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни.
Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.
Царината, двигател на економскиот раст, вели Николовски
Позитивните резултати во наплатата на приходи и оперативното работење, скратените царински постапки со имплементација на нови технолошко напредни ИТ системи, како и унапредената меѓународна соработка со царинските служби од Западен Балкан и ЕУ, кои ги демонстрира Царинската управа се непобитен факт за улогата на Царинската управа како клучна институција која ја движи македонската економија и генерира позитивни процеси на...
Николоски: Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот
Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра наменет за модернизација на ЖРСМ Транспорт.
Според него, ова е особено важно за Коридорот 10...
Железницата ја враќаме на шините на развојот, почнати се градежните работи за т.н. градски воз, вели Мицкоски
Почнати се градежните работи за Линијата 1 или т.н. градски воз. Вредноста на Договорот е 360 милиони денари, а проектот предвидува целосна реконструкција и надградба на постоечката траса.
Како што информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, ова ќе значи побезбеден, побрз и поефикасен железнички сообраќај.
Дополнително, нагласи премиерот, изградбата на брза пруга на Коридор 10 останува еден од стратешките приоритети.
-Преку Договорот за...
Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
ЈСП Скопје информира дека за време на новогодишните празници ќе има изменет режим на сообраќање на јавниот превоз, како и промени во работното време на билетарниците, центрите за персонализација и Жичницата.
Утре (31 декември 2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по редовен зимен возен ред. Во четврток (1 јануари 2026 година), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што...








































