Третина од домаќинствата во земјава живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни, 71 проценти се греат на цврсти горива, а 20 отсто на струја
Најголем дел од домаќинствата во земјава или една третина живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни. Над две третини имале автомобил и клима-уред, а само 40 отсто велосипед. Речиси половината имале персонален компјутер, поврзан на Интернет, додека мобилен телефон имале над 92 проценти, радио 28 проценти и телефон само 22 проценти.
Во просек од тројца членови на...
Целосен прекин на сообраќајот Струга – Ќафасан поради превртена цистерна
Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според информацијата, сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот.
На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
На последниот ден од оваа година и на новогодишната ноќ времето ќе биде студено со дневна температура која на повеќе места ќе остане под нула степени. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег, информира УХМР.
Во четврток и петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат...
Забрана за вршење дејност за сопственик на угостителски објект во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за...
Листата на најнепослушни кучиња изненади многумина
Кучињата често се вистински членови на семејството, носејќи радост и љубов дома. Сепак, како и секој член на семејството, понекогаш знаат да бидат непослушни. Зошто некои кучиња се поголеми пакосници од другите?
Ветеринарката Ребека Мекмилан објаснува дека зад пакосното однесување често се кријат природните карактеристики на расата. Некои кучиња се тврдоглави или независни, додека други се многу активни и бараат...
Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар „Гевгелија“ и натпатникот на улица „Железничка“ во Гевгелија
Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри. Со овој проект се изврши темелна санација и модернизација на патната инфраструктура, со што се создадоа значително подобри услови за движење на граѓаните и возилата низ овој важен сообраќаен правец, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
Додава дека...
Во новата година почнуваме серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните!
Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, магистер по екологија и животна средина, кој докторира на „Сорбона“ во Париз на оваа тема, од почетокот на новата 2026 година ќе излегува на викенд-страниците на рубриката магазин во „Нова Македонија“.
Низ текстовите, авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со...
Половина век живот посветен на животните
ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ИКОНАТА БРИЖИТ БАРДО
Откако го објави крајот на својата филмска кариера на 38-годишна возраст, големата кауза на Брижит Бардо, која почина во неделата на 91-годишна возраст, беше благосостојбата на животните. Нејзината прва битка беше насочена кон условите за колење на добитокот; нејзината последна акција беше значителна донација - 350.000 евра - од нејзината фондација, објавена во февруари...
Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари
Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.
- Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјанта сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата на пензиите. За...
ДЗР: Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година
Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на Буџетот на Република Македонија.
Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет, според макроекономските индикатори објавени од страна на МФ за 2024 година изнесува 4,4 проценти од БДП и е понизок во однос на 2023 година кога изнесуваше 4,8 проценти од БДП.
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на Основен...








































