Во новогодишната честитка, Путин е уверен во победата во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност во победа во Украина во својата новогодишна порака, по речиси четири години исцрпувачка војна. - Им ја честитам Новата година на нашите борци и команданти! Веруваме во нив и во нашата победа - рече Путин, според текстот на снименото видеообраќање објавено во средата од страна на државните медиуми. Пораката првпат беше емитувана на далечниот источен...

Силјановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Siljanovska Davkova
Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста. -Убаво е чувството со...

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина во бројни области и уште еднаш навести дека Пекинг има намера да го присоедини Тајван. Во новогодишната порака, објавена преку платформите на Кинеската медиумска група (CMG), Си рече дека економијата на Кина повеќепати соборувала нови рекорди и додаде дека се очекува нејзината вредност во 2025 година да достигне...

Фон дер Лајен на Португалија и Шпанија им честиташе 40 години членство во ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска преку видеообраќање на жителите на Португалија и Шпанија им ја честиташе 40-годишнината од членството во ЕУ. - Пред 40 години, нашето европско семејство беше повторно обединето. Тоа беше момент на радост. Се вративте на вашето вистинско место, во срцето на европското семејство. Во овие 40 години станавме многу посилни заедно -...

Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама

Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица за даночна измама. Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК ги доставил до Основниот кривичен суд Скопје ​е...

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

После повеќе од 60 години аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. - На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран - објави на својот фејсбук профил Николоски. Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД...

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства

Клиниката за пластична хирургија, во соработка со Министерство за внатрешни работи ја финализираше едукативната кампања во средни и основни училишта за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на петарди, што се одвива под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“. Како што соопшти Министерството за здравство, лекарите од Пластична хирургија посочуваат дека во изминатите години...

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти денеска ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе...

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, кои претставуваат ризик по здравјето на граѓаните. Како што стои во соопштението на Царинската управа, сторителот е македонски државјанин од Гостивар и против него е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот...

Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност

Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето...