Лично, секому од вас, му посакувам Нова година каква што најмногу сака!, порача Силјановска Давкова во новогодишната порака
Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир, потпрен на меѓународното право и на меѓународните институции, сакам ние да се вдомиме во Европската Унија, решени да живееме во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова во честитката за Новата 2026 година.
- Лично, секому од вас, му...
Последно збогум за…
Во 2025 година, се збогувавме со извонредна група значајни личности, вклучувајќи ги папата Франциск, италијанскиот дизајнер Џорџо Армани, архитектот Френк Гери, перуанскиот писател Марио Варгас Љоса и познатата експертка за шимпанза Џејн Гудал. Филмот и забавата, исто така, претрпеа големи загуби, со смртта на режисерите Дејвид Линч и Роб Рајнер, актери како Теренс Стамп, холивудските легенди Роберт Редфорд, Џин...
Научни достигнувања и потфрлања во 2025 година
Намалувањето на финансирањето на науката во глобални рамки во 2025 година не остана без последици.
Но, и покрај повлекувањето на американското финансирање, воспоставените проекти како телескопот „Џејмс Веб“ и опсерваторијата „Вера Рубин“ продолжија да откриваат нови тајни за универзумот. Вселенските летови влегоа во нова ера со рекордни 299 орбитални лансирања во 2025 година, многу од нив од приватниот сектор, вклучувајќи...
Претставата ги собира сите големи луѓе на оваа земја што понекогаш ги забораваме
Дејан Пројковски, режисер
Некако МНТ е институција што кога ќе погледнеме наназад ја создава таа традиција, ја негува македонската култура и е една од најважните институции за културата во Македонија. Како што ние сакаме да го наречеме МНТ - столб на сето она што е важно за македонската култура и идентитет
„Сонцето, колку е блиску сонцето“ е првата изговорена реплика...
Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
Премиерот Христијан Мицкоски во ногогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било неопходно да се направи стабилизација и консолидација, додека следната смета дека ќе биде година на раздвижување и на преобразба.
-Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво...
Пожари, поплави и земјотреси…
ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ што ја одбележаа 2025 година
Екстремните временски услови беа крупен белег на трагичните настани во 2025 година, вклучувајќи го и ураганот Мелиса - најсилната бура во годината и еден од најмоќните атлантски урагани некогаш регистрирани.
Дури и пред крајот на годината, кризите поврзани со екстремни временски услови продолжија, како што се катастрофалните поплави во Југоисточна Азија, кои однесоа повеќе...
Исклучителен приказ кон српското издание на „Столб што пее“ од Томислав Османли
„...Пишуван во постпостмодерен клуч, без патетика, јасно мисловно доследен, романот ‘Столб што пее’ на Томислав Османли му го враќа самочувствието на отуѓениот, самодоволен роман на постмодерната, ја обновува класиката и го отвора патот кон нејзиниот нов израз...“, истакнува во својот осврт авторката на текстот, Анѓелка Цвијиќ.
Не долго по српската објава на преводот на македонскиот роман „Столб што пее“, во...
Драмскиот театар ја продолжува посветеноста кон развојот на македонското драмско писмо
На веб-страницата на НУ Драмски театар-Скопје е објавен годинашниот конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година.
- Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување за пишување нови драматуршки текстови, Драмскиот театар ја доделува наградата во чест...
Осумдесет години МНТ – се приказни поголеми од времето
Никола Кимовски, директор на Македонскиот народен театар
Визијата за иднината на МНТ е визија за театар што верува во уметноста како чин на слобода. Додека сцената останува место каде што уметникот може чесно да говори, а публиката слободно да чувствува и мисли - Македонскиот народен театар ќе ја исполнува својата мисија и во децениите што доаѓаат, вели Кимовски
Македонскиот народен...
Како хороскопските знаци ќе ја чекаат 2026 година?
Крајот на 2025 година и почетокот на 2026 година носат интересна мешавина од енергии - Месечината во близнаци ги поздравува разиграноста, спонтаноста и желбата за разговор, додека од 1 јануари, Меркур во јарец насочува сè кон сериозни планови и амбиции. Уживајте во свеченостите, но почнете да ги претворате вашите соништа во реалност уште на новогодишното утро. Прочитајте како...








































