И годинава евтина дневна тарифа од 13 до 15 часот
Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13 до 15 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот...
Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени.
Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и...
Првото родено бебе во 2026 е женско
Првото новороденче во Македонија во новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза - соопштија на својата фејсбук-страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
Швајцарската полиција изјави за „Скај њуз“ дека во експлозија во бар во скијачки центар загинале најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени.
Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад.
Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.
- Имаше експлозија од непознато потекло - изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион.
Експлозијата се...
Среќна Нова
И додека уште од ноември се најавува долгоочекуваниот снег, тој никако да падне. Нè заборави одамна. Еве и сега се најавуваат можни снежни врнежи околу Нова година, можеби и на првиот новогодишен ден кога ќе се вие орото пред „Идадија“ или кога јавноста со нетрпение ќе ја очекува веста дали првото бебе било машко или женско. Ова последново никогаш...
21 препорака на Институтот за јавно здравје за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
Новогодишните празници претставуваат период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје до граѓаните по повод празниците. Во препораките на ИЈЗ, кои МИА ги пренесува интегрално, понатаму се вели:
Празничните прослави често се одвиваат во доцните вечерни и ноќни часови, а внесот...
Договор меѓу САД и Русија, без Европа, би можел да ја промени геополитичката слика, смета Орбан
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека 2025 година била пресудна за иднината на земјата, бидејќи Унгарија морала да донесе стратешка одлука – дали да му се приклучи на европскиот воен курс или да остане надвор од конфликтот - јави Анадолија.
Во интервју за државната телевизија М1, Орбан порача дека Европа избрала војна, додека Унгарија свесно одлучила да остане на патот...
Датуми и настани што ја одбележаа 2025 година во светки рамки
Хронологија на настани во светот кои ја одбележаа 2025 година:
1 јануари
- Бугарија и Романија се приклучија кон Шенген зоната;
- Ветеран на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс со возило влета во насобраниот народ, при што загинаа 14 луѓе, а десетици беа повредени. Возачот загина во престрелка со полицијата;
- Лихтенштајн стана 37-та земја што ги легализира истополовите бракови;
7 јануари
- Земјотрес со...
Во новогодишната честитка, Путин е уверен во победата во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност во победа во Украина во својата новогодишна порака, по речиси четири години исцрпувачка војна.
- Им ја честитам Новата година на нашите борци и команданти! Веруваме во нив и во нашата победа - рече Путин, според текстот на снименото видеообраќање објавено во средата од страна на државните медиуми.
Пораката првпат беше емитувана на далечниот источен...
Силјановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста.
-Убаво е чувството со...








































