Муцунски имаше проштална средба со Агелер
Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, објави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.
- Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат - напиша...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги даде на натамошно читање измените и дополнувањата на Кривичниот законик
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и го даде на натамошно читање.
Измените, како што изјави претседателот на Комисијата и еден од подносителите, Љупчо Пренџов, се на барање на Уставниот суд нагласувајќи дека паралелно Министерството за правда работи на нов кривичен законик, а некои...
Кубилиус предлага „Европски воени сили“ од 100.000 војници за одбрана на Европа
Европската Унија можеби ќе треба да создаде комбинирани воени сили од околу 100.000 војници, кои би да ги замениле американските трупи во Европа, смета еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус.
- Дали САД би биле воено посилни ако имаа 50 армии на ниво на држави, наместо една федерална армија? Педесет државни одбранбени политики и одбранбени буџети на ниво на...
Финансиска поддршка за ранливи категории граѓани во Општина Бутел
Општина Бутел и оваа година обезбеди средства за исплата на еднократна финансиска помош за најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка, како што соопштија од локалната самопуправа, е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и произлегува од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет пет години.
- Финансиската поддршка е насочена кон...
Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, вели Камбовски
Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава за медиуми, претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски.
Тој беше прашан што мисли за предложените имиња од претседателката Гордана Силјановска - Давкова, што треба да влезат во собраниска процедура.
- Кандидатите од претседателката ги дознавме како и сите - од...
TАВ Аеродроми: 2025 година е силна и позитивна година за двата македонски аеродроми, се заокружи со 3,5 милиони патници
Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови.
Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе...
Ратификацијата на евентуалниот мировен договор со Русија нема да ја обезбеди неговата целосна легитимност, вели Кулеба
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека ратификацијата на евентуалниот мировен договор со Русија од страна на Врховната Рада нема да ја обезбеди целосната легитимност на документот. Според него, новата политичка сила што ќе дојде на власт за време на парламентарните избори може да го напушти.
- Да. Верувам дека минималната опција е ратификација во Врховната Рада....
Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната дневна ќе достигне 11 степени.
Иран вели дека ситуацијата сега е „под целосна контрола“ по крвавите протести за време на викендот
Ситуацијата во Иран е „под целосна контрола“ откако протестите за време на викендот станаа насилни, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
Тој додаде дека предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против дејствијата на Техеран доколку се пролее крв на протестите би ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите, а безбедносните сили да „поканат“ странска земја да интервенира.
-Протестите...
Со инвестиција близу 30 милиони евра до подобар живот во Неготино, вели Мицкоски
Со инвестиција речиси 30 милиони евра се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски преку објава на официјалната фејсбук-страница.
- Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино, претставува значаен инфраструктурен зафат што има цел создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување нови...







































