Приведено лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведено лицето кое го скрши стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Станува збор за 54-годишниот Ш.А.
- Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети...
Ќе бидат прифатени објективните и применливите забелешки, има тенденциозност во настапот на Бугарија, истакна Муцунски
Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата кои не се тенденциозни и се објективно применливи ќе бидат прифатени - вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјава и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози...
„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава.
Од АЕК за МИА изјавија дека со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен...
На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор
Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ.
На сопственикот на барот лоциран во луксузниот одморалиште Кран-Монтана му е одреден тримесечен притвор, со можност за продолжување - објавува „Темп“.
Сопственикот на барот претходно им кажал на истражителите дека вратата...
Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, истакна Силјановска Давкова
Претседателката Гордана Силјановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска за членки на Судскиот совет.
За двете кандидатки таа рече дека изборот го направила согласно нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личен кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на правосудството...
Се работи за изолиран случај, нашите институции максимално брзо, се преземаат сите дејствија, истакна Муцунски за инцидентот со Бугарската амбасада
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голелм обем - вели Муцунски.
- Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава...
Вонредна состојба поради невремето во 10 српски општини
Раководителот на секторот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, денеска на седницата на Републичкиот штаб за вонредни ситуации во Србија, изјави дека во десет локални самоуправи е прогласена вонредна состојба главно поради проблеми во снабдувањето со електрична енергија предизвикано од интензивните снежни врнежи. Тој нагласи дека е важно што немало човечки жртви како резултат на временските непогоди.
Чаушиќ додаде дека во...
Предлог-законот за заштита од пушење не е рестриктивен, тој е европски, истакна Алиу
Предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување на европски стандарди за заштита на здравјето - изјави за МИА министерот за здравство Азир Алиу.
Во моментот, посочи, Министерството за здравство уредува сеопфатна заштита на населението од штетните ефекти од употреба на тутунот и...
Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори.
- Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам...
Од полноќ нова цена за бензините и маслото за домаќинство
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува - одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 72,50,...







































