ЕУ најверојатно останува без место во „Одборот за мир“ за Газа на Трамп

Меѓу членовите на „Одборот за мир“ за Газа што се очекува да ги предложи американскиот претседател Доналд Трамп ќе се најдат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, но во него ќе нема столче за претставник на Европската Унија, објави лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на изјава на функционер на ЕУ. ЕУ пројави интерес за...

Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска, во Албанија излеани реки и поплави

Студен бран го зафати регионот на Западен Балкан, а во Србија е прогласена вонредна состојба во 11 општини поради екстремно ниските температури и високите снежни наноси, јавуваат локалните медиуми. Околу 9.000 домаќинства во Србија се без електрична енергија. Вонредна состојба е воведена во општините Ваљево, Лозница, Осечина, Крупањ, Мали Зворник, Владимирци, Сјеница, Мајданпек, дел од Пријепоље, Лучани и Ивањица. Снегот...

Жељазков го врати неисполнетиот мандат за формирање влада веднаш откако го доби од претседателот Радев

Бугарскиот премиер во оставка Росен Жељазков го врати неисполнетиот истражувачки мандат за формирање влада како кандидат за премиер на ГЕРБ-СДФ веднаш откако го доби од претседателот Румен Радев. Во петокот, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе го вратат мандатот. Денешниот мандат беше првиот што го даде претседателот. Според Уставот, шефот на државата треба да му предаде втор мандат за...

„Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети

Во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа „Или-или“ е објавен романот „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети. Ова е втор роман од планираната трилогија за авантурите на Илина. Првиот роман „Илина и шумските тролови“ остави одличен впечаток кај помладите читатели, кои со нетрпение го очекуваа неговото продолжение. - Во книгата повторно навлегуваме во двојниот живот на...

Гран при за македонскиот етнолошко -документарен филм „Хембој“

Етнолошко-документарниот филм „Хембој“, во продукција на Музејот на Македонија, авторство на етнологот Елизабета Конеска, ја освои гран при наградата од публиката за најдобар документарен филм на „TEФ фест Крк“ - меѓународен фестивал за туристички и етнофилмови, кој се одржува на островот Крк во Република Хрватска. Филмот триумфира меѓу 72 селектирани остварувања од вкупно 127 пријавени од целиот свет. Елизабета Конеска...

Што ќе ни се случува до 2035 година?

ПРЕДВИДУВАЊАТА НА ТЕСЛА Преку паметните уреди и масовната комуникација, до безжичниот пренос на енергија и општествените промени, неговите идеи продолжуваат да воодушевуваат со својата предвидливост. Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20 век, не беше само пронаоѓач туку и неверојатно прецизен визионер. Уште во првите децении од минатиот век, во своите предавања и интервјуа, Тесла предвиде голем број иновации...

„Приказната за Силјан“ доби една од најпрестижните награди за документарци

ГЛАСОТ НА МАКЕДОНИЈА ОДЕКНА ВО СВЕТОТ Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на наградата од публиката на „Синема ај анорс“, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови...

Како да се постави термостатот и сметката за греење да се намали за 30 отсто

Пред спиење намалете ја температурата на 18°C. Телото природно подобро се одмора во поладен простор. Греењето не мора да работи со цела сила додека спиете. Намалете го термостатот на 18°C и оставете сметката да се топи додека спиете Во зима сметките за струја знаат да се зголемат енормно. На греење се трошат најмногу пари, а вие се прашувате дали...

Долгото чекање на варварите

Рецензија Кон претставата „Носорог“, по драмскиот текст на Ежен Јонеско, во режија на Васил Василев, а во продукција на Албанскиот театар од Скопје. Главни улоги: Шкељќим Ислами, Абедин Алими, Гентиана Рамадани, Висар Етеми, Осман Ахмети „Осаменост... тоа не е само недостаток на луѓе. Не. Тоа е заглушувачко присуство. Присуството на себеси. Ја слушаш крвта како тече, мислите како крцкаат како...

Западните реакции на прогласувањето на финансиското осамостојување на Русија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во новата мултиполарна епоха: Редефинирање на глобалниот економски поредок (3) Во фељтонот во четири продолженија ја претставуваме анализата на врвниот интелектуалец од САД, професор Џон Џозеф Миршајмер, во врска со актуелните состојби во глобалниот финансиски поредок и тековните процеси на редефинирањето на тој поредок, во новите услови на идеолошка и политичка транзиција...